Петар Печков
Објавено: недела, 13 ноември 2011
Тие без многу мака дојдоа до победата со уверливи 19 голови предност, против екипата на Преспа. Единствена непозната на теренот беше со колку голови разлика ќе заврши средбата.
Кај велешани свој ден имаше голманот Гигов со 18 одбрани а најефикасни беа Костески со 12 и Илиев со 8 гола, додека кај Преспа Тасевски со пет и по четири постигнаа Тунтевски и Симовски.
Tweet |